Даниел Миловановиќ официјално е нов член на Брера Струмица. Десното крило се враќа во Струмица и во дресот на Брера каде што играше од 2015 до 2021 година. Тој неодамна спогодбено го раскина договорот со Залаегерсег од Унгарија и му се приклучи на струмичкиот тим.
Тој е првото засилување на Брера во зимскиот преоден рок.