Новата бразилска ѕвезда во дресот на Реал (М), Ендрик признава дека бил воодушевен од објектите каде што тренираат и се подготвуваат фудбалерите на Реал Мадрид, откако помина две недели со својот иден клуб.
Тинејџерот формално ќе го заврши својот трансфер вреден 60 милиони фунти во Мадрид штом ќе наполни 18 години следново лето, но, со завршувањето на сезоната во Бразил, тој дојде во Шпанија за да „вкуси“ од она што го чека во составот на „галактикоси“.
„Искрено, импресиониран сум од сè што го видов“, изјави Ендрик за „АС“. „Восхитен сум од сите и се надевам дека наскоро ќе ја започнам мојата нова етапа, но најпрво да завршам на голем начин во Палмеирас. Доаѓањето во реал е голема одговорност, голем предизвик. Многу сум возбуден што ќе играм во тој дрес и ќе можам да уживам со навивачите. Од мал имам сон да бидам дел од Реал Мадрид. Знам дека пред мене се уште предизвици во Палмеирас и морам да ги исполнам, но секако размислувам и за Реал Мадрид. Се надевам дека ќе имам блескава кариера. Тоа е мој сон уште од дете“, вели Ендрик.