Потрес во Атина: Фатих Терим на клупата на Панатинаикос!

448

Во грчките и турските медиуми се пишува дека фудбалскиот клуб Панатинаикос ќе го именува Фатих Терим за нов тренер на екипата на местото на Иван Јовановиќ. Засега нема официјална потврда, но се пишува дека турскиот тренер во среда ќе дојде во Атина на преговори.

Грчката агенција СДНА пишува дека газдата на клубот Јанис Алафузос по долго двоумење одлучил да пресече и да го тргне Јовановиќ од клупата поради петте порази на екипата во последните осум мечеви со сите натпреварувања. Терим наводно барал договор до крајот на сезоната со тоа што си поставил цел да остане во случај на освојување на титулата, а „зелените“ му нудат договор до 2025 година.

Инаку ПАО минатата сезона под водство на Јовановиќ беше лидер во лигашкиот дел на Суперлигата, а во плеј-офот изгуби во шампионската трка со АЕК. Оваа сезона Панатинаикос влезе како фаворит за трофејот, но по 15 одиграни кола не е лидер затоа што има бод помалку од ПАОК, но, сепак, ги има најдобриот напад и најдобрата одбрана во лигата.

Во групата на ЛЕ, Панатинаикос освои само четири бода и доживеа четири порази.

ПретходноИзненадување на Боксинг деј: Крис Вуд ги „парчоса“ Њукасл на „Ст.Џејмс Парк“
СледноХаланд како Дедо Мраз, Де Брујн во филмот „Сам домa“ (ФОТО+ВИДЕО)