Македонската ракометна репрезентација го засилува темпото на подготовки во Стара Пазова. Избраниците на Лазаров денеска комплетни со доаѓањето на Никола Митревски продолжија со редовните тренинзи, но во остатокот од денот имаа време и за друштвени игри за дополнителна релаксација.
Нашата репрезентација веќе ја минува првата недела од подготвителниот период очекувајќи ги и првите тестови пред заминувањето на Европскиот шампионат.