Репрезентацијата е комплетна: Никола Митревски се приклучи во „стројот“ (ФОТО)

103

Македонската ракометна репрезентација е комплетна. Од денеска на тренинзите се приклучи искусниот голман, Никола Митревски, кој имаше обврски со својот тим Порто и доби ден одморот од селекторот.

Кирил Лазаров и неговите избраници првата фаза од подготовките ја одработуваат во Стара Пазов каде ќе одиграат еден контролен натпревар против селекцијата на Црна Гора.

Македонија на претстојното Европско првенство 2024 година ќе има тежок предизвик бидејќи за противници доби две селекции кои се најголеми конкутенти за медал, Франција и Германија, како и репрезентацијата на Швајцарија која има играчи кои играат во Бундес-лигата и се носители на играта.

ПретходноАнтиќ и Чековски го посетија Заводот за рехабилитација на деца и на младинци во Топанско Поле
СледноДончиќ за свирежите во Феникс: Забавно ми е! Нема подобро кога ќе ги замолчиш!