Сензација од Островот: Манчестер Јунајтед заинтересиран за Бојан Миовски?

9495

Манчестер Јунајтед е заинтересиран за македонскиот напаѓач Бојан Миовски, пренесува „Дејли рекорд“. Според изданието Миовски бил на радарот на славниот клуб од „Олд Трафорд“ и тоа на местото на Антони Марсијал кој ќе биде продаден во јануарскиот преоден рок.

Миовски игра одлично за Абердин оваа сезона во шкотската Премиер лига, па не чуди што интересот за него е голем. А дека и Манчестер Јунајтед има интерес, тоа е само потврда дека македонскиот голгетер напредува многу бргу.

Абердин претходно истакна дека не сака да го продаде Миовски но за убава сума клубот од „Питроди“ може да седне на преговори.

Инаку Миовски со Абердин има договор до 2026 година. Претходно се шпекулираше дека за нашиот напаѓач се интересирале француски Ремс и англиски Саутемптон.

 

ПретходноКадетките на Балкански игри во Романија
СледноПСЖ договори трансфер на ново тинејџерско чудо