СЕ БАРААТ СМЕНИ: Комисијата на ФФМ ќе се соочи со селекторите!

2739

Во текот на денешниот ден во просториите на ФФМ се одржа првиот состанок на комисијата која треба да ги разгледа извештаите на сите селектори а потоа да даде предлог до УО кој треба да биде усвоен или одбиен.

Маријан Стојкоски, Свето Станковски, Игор Франговски и Арџент Беќири е квартетот кој на последната седница на УО доби доверба за да се соочи со постоечките селектори. Сите поранешни фудбалери, а дел од нив и репрезентативци кои се дел од УО на ФФМ.

На состанокот според она што го дознава СпортСпорт, едногласно е постигнат концензус и одлука со која се констатира дека селекторите ги немаат посакуваните резултати со исклучок на Тони Јакимовски кој е селектор на селекцијата до 19 години. Одлучено е во четврток сите селектори на состанок со членовите на комисијата да ги образложат своите извештаи. Тоа е првиот сигнал за потврда на незадоволството и кај раководството на ФФМ но и на јавноста.

Драган Канатларовски (селектор на репрезентацијата до 21 година), Дашмир Беари (селектор на селекцијата до 17 години) и Кирил Изов (женска репрезентација) се на тапек со оглед на тоа дека нивните резултати се катастрофални.

Благоја Милевски ја доби довербата од УО на ФФМ на состанокот одржан пред една недела и тој и во натредните две години е под договор со репрезентацијата на Македонија.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Миловановиќ во дресот на Брера!
СледноДва пресврти и победа на Лутон на „Брамал Лејн“, Борнмаут со нов успех дома