Со 38 години Роналдо ја завршува 2023 година како најдобар стрелец во светот!

754

Ѕвездата на светскиот фудбал и на саудиски Ал Наср, Кристијано Роналдо го зазеде првото место во трката на најдобри стрелци во 2023 година, постигнувајќи два гола вечерва на натпреварот од 17. коло во шампионатот на Саудиска Арабија против Ал-Итихад.

Средбата која се одигра во Џеда, тимот на Роналдо ја доби со 5:2. Роналдо постигна два гола од пенал, погодувајќи во 19. и 68. минута.

Португалецот стигна до бројката од 53 гола постигнати оваа година и со тоа ги помина францускиот напаѓач од Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе и англискиот напаѓач на Баерн Минхен, Хари Кејн, кои имаат по 52 гола.

Во исто време, Кејн и Мбапе повеќе нема да можат да го стигнат Роналдо, бидејќи нивните клубови повеќе нема да играат натпревари во тековнава година.

ПретходноБремер со нов 5-годишен договор со Јувентус
СледноПродолжуваат подготовките: Силни тренинзи, па друштвени игри (ФОТО)