Брестовац ги носи ОАЕ на тренинг камп во Македонија

354

Македонскиот тренер Данило Брестовац работи како селектор на репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати, а следен предизвик е пласман на СП 2025.

За тоа да се случи неопходен ќе биде добар пласман на претстојниот Азиски шампионат, каде противници во првата групна фаза на ОАЕ ќе бидат Хонг Конг, Казахстан и Бахреин.

Брестовац во наредниот период ќе има мини-подготовки со националниот тим, па поранешниот македонски селектор одлучи целата национална селекција на ОАЕ да ја доведе на тренинг-камп токму во Македонија.

ПретходноРаботнички главната фаза од подготовките ќе ја одработи во Хрватска!
СледноДаниел Миловановиќ се врати во Брера!