Дончиќ за свирежите во Феникс: Забавно ми е! Нема подобро кога ќе ги замолчиш!

215

Далас го совлада Феникс Санс во последниот натпревар од божиќната програма во НБА со резултат 128:114. Одличен натпревар за Маверикс одигра Лука Дончиќ кој беше најзаслужен за победата со 50 поени. Словенецот шутираше од поле со прецизност од 60 отсто, погоди осум тројки од 16 обиди и 12 од 12 слободни фрлања. Тоа беше неговиот најдобар натпревар оваа сезона.

На овој натпревар стигна до значајно достигнување. Тој ја надмина границата од 10.000 постигнати поени побрзо од сите активни кошаркари во моментов во НБА. Дополнително, Дончиќ натпреварот го заврши со 15 асистенции, шест скока и четири украдени топки.

На прес-конференцијата тој ја коментираше публиката која го навредуваше и исвиркуваше во текот на целиот натпревар.

„Искрено, забавно ми е да играм на вакви гостувања, кога публиката така се однесува. Тогаш постигнувам кош и одеднаш владее тишина во салата. Па, тоа е најдоброто чувство на светот“, им објасни Дончиќ на новинарите. .

ПретходноРепрезентацијата е комплетна: Никола Митревски се приклучи во „стројот“ (ФОТО)
Следно„Животот понекогаш е неправеден, ми недостига стариот Миахел“