Нова магична партија на Лука Дончиќ од 50 поени и 14 асистенции (ВИДЕО)

358

Далас го совлада Феникс Санс во последниот натпревар од божиќната програма во НБА со резултат 128:114. Одличен натпревар за Маверикс одигра словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ кој беше најзаслужен за победата, постигна 50 поени. Словенецот шутираше од поле со прецизност од 60 отсто, погоди осум тројки од 16 обиди и 12 од 12 слободни фрлања.

Словенецот дојде до значајно достигнување. Тој ја надмина границата од 10.000 постигнати поени побрзо од сите активни кошаркари во моментов во НБА. Дополнително, Дончиќ натпреварот го заврши со 14 асистенции, шест скока и четири украдени топки.

Словенецот имаше помош од Џонс кој натпреварот го заврши со 23 поени. Дончиќ мораше да го преземе најголемиот дел од офанзивниот товар, бидејќи Маверикс на овој натпревар беа без Кајри Ирвинг, вториот најдобар играч.

Во Феникс потфрлија најголемите ѕвезди. Кевин Дурент застана на 16 поени и го одигра речиси цел натпревар. Девин Букер постигна 20 поени, додека Санс ги предводеше не толку познатиот Грејсон Ален, кој постигна 32 поени.

Далас моментално ја држи шестата позиција во поредокот на Западната конференција на НБА.

На останатите средби, Мајами славеше против Филаделфија со 119-113, Лејкерси беа поразени од Бостон со 115-126.

ПретходноЈокиќ и Мари го предводеа Денвер до победа над Вориорс
СледноНа Јокиќ му беа доделени 18 слободни фрлања, Кер со коментар: Беше одвратно да се гледа!