Украинците со реакција: Србите продолжуваат да ги тестираат нервите, дали УЕФА ќе остане нема?

8385

Српската фудбалска репрезентација на 21 март на стадионот Динамо во Москва ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Русија и тоа ќе биде прв натпревар меѓу Русите и европски тим од почетокот на војната во Украина и суспензијата од ФИФА и УЕФА.

Црвена звезда синоќа на стадионот „Рајко Митиќ“ договори и пријателски натпревар против Зенит за 23 март, а сето тоа очекувано предизвика големо незадоволство во Украина.

Украинскиот портал „Sport.ua“ реагираше по најавата дека двете екипи ќе одиграат контролен меч.

„Србите продолжуваат да ги тестираат нервите на европската фудбалска заедница. Дали УЕФА ќе остане нема?“, праша овој портал.

Неодамна Фудбалскиот сојуз на Украина ги повика ФИФА и УЕФА да го спречат одржувањето на пријателскиот натпревар меѓу Русија и Србија.

Тие испратија и писмо на адреса на Фудбалскиот сојуз на Србија со барање за откажување на натпреварот.

ПретходноНа Јокиќ му беа доделени 18 слободни фрлања, Кер со коментар: Беше одвратно да се гледа!
СледноАнтиќ и Чековски го посетија Заводот за рехабилитација на деца и на младинци во Топанско Поле