Интересно. Роувен Шредер, сегашниот директор на Лајпциг пред 2,5 години го промовираше Дарко Чурлинов во Шалке, а денеска говори во суперлативи за Елид Елмас, за македонскиот репрезентативец кој од денеска и официјално е нов член на “биковите“ од Лајпциг.
За Дијамантот, покрај другото Шредер истакна:
“Го следевме Елмас подолг период. Тој е совршен играч за нашиот тим и веднаш може да ни помогне. Технички, Елмас е неверојатен, пргав е. Може да трча постојано, да дава голови, може да игра во средината, но и по крилата. Многу сме среќни што го имаме во своите редови“.