Елиф Елмас до 2028 година ќе биде член на Ред Бул Лајпциг, тим кој што настапува во Бундеслигата, но и во Лигата на Шампионите. Попладнево германскиот клуб се пофали со својот нов член, а за клупскиот сајт на својот нов клуб, Елмас истакна:
„ Доаѓањето во Лајпциг е вистински чекор за мене. Уште по првите разговори со луѓето од клубот веднаш сфатив дека Лајпциг е клубот за мене, каде што сакам да играм. Лајпциг е клубот од соништата за мене. Многу добро знам како фудбал играа мојот нов тим, со многу пресинг, неме тоа ми одговара. Со нетрпение го чекам јануари кога ќе им се приклучам на моите нови соиграчи. За кусо време РБ Лајпциг стана големо име во европскиот фудбал“ рече покрај другото новиот фудбалер на Лајпциг, Елиф Елмас.