Зимскиот преоден рок во мак-фудбалот ќе трае од 15 јануари до 11 февруари!

547

Како и секогаш, така и оваа зима. Имено зимскиот преоден рок во мак – фудбалот ќе трае од 15 јануари до 11 февруари. Во тој период може да се регистрираат новите играчи од страна на клубовите.

Инаку се очекува во најголем дел работата, барем прволигашите, да ја завршат до официјалниот старт на преодниот рок ако се знае дека од 10 јануари речиси сите клубови ќе ги стартуваат подготовките.

Во секој случај се најавува интересен зимски преоден рок. Македонија ЃП веќе официјализираше четири нови имиња, а се очекува најинтересно да биде во Гостивар, Шкендија, Вардар, Работнички, Брегалница, Воска…од каде има најави дека и тоа како овие клубови ќе купуваат нови играчи.

Да потсетиме дека пролетниот дел во ПМФЛ за тековната сезона 2023/24 ќе почне на 18.02 а во ВМФЛ на 17.02.

ПретходноПочнаа и судиите да ги купуваат: Даниеле Орсато доби понуда од С. Арабија!
СледноИзнервиран од жестоките критики Бензема се одлучи на радикален потег! (ФОТО)