Она што “СпортСпорт“ го најави пред неколку дена, сега е и официјално. Репрезентативниот голман Дамјан Шишковски не е повеќе член на Докса, тим од Кипар.
Тој на својот ФБ профил напиша:
„После 3 и пол години време е да се збогуваме. Сакам да му се заблагодарам на претседателот, на сите тренери и играчи. Ова е неверојатен клуб и град каде што бев добро примен од сите и ми помогна да пораснам како играч и како личност. Фудбалот е таков и сега е време за нов предизвик во мојата кариера, но овој клуб и град ќе останат засекогаш во моето срце. Благодарам Докса“.