Погледнете што кажа Евра на полувремето од мечот на „Олд Трафорд“

838

Манчестер Јунајтед ја забележа една од најголемите победи оваа есен, откако приреди пресврт од 0:2 против Астон Вила славеше со 3:2.

Веројатно единствениот човек на светот кој веруваше во пресврт на полувремето беше легендарниот Патрис Евра.

Тој беше стручен консултант на овој меч и во живо го најави пресвртот на паузата од полувремето.

„Ако продолжат да играат на ист начин и ако се фокусираат малку повеќе на прекини, нема да ме чуди ако победат со 3:2“, изјави Евра.

Французинот по натпреварот блескаше од среќа и истакна дека има верба во Ерик тен Хаг.

„Јас бев единствениот лудак кој веруваше и кој рече дека Јунајтед може да постигне три гола доколку биде подеднакво пожртвуван во вториот дел“, истакна Евра.

ПретходноБрера Струмица му се заблагодари на Врдољак
Следно„Ловот“ на Мбапе започнува од 1. јануари, Реал нема да се штеди