Тиквеш ја одби понудата на Гостивар за Ивановски!

1273

Иван Ивановски, еден од најдобрите фудбалерти во нашата ПМФЛ и во пролетниот дел ќе го носи дресот на Тиквеш. Имено кавадарчани ја одбиле официјалната понуда на Гостивар, отштетата која ја нуделе гостиварци била премала, па така нема ништо од овој трансфер.

Ова значи дека стратегот на Тиквеш, Ѓорѓи Мојсов и во втората полусезона ќе може да смета на својот клучен играч.

Да потсетиме дека Тиквеш има шанса преку Купот на Македонија, да избори пласман за првпат во својата историја и во фудбалска Европа.

Во моментов се водат преговори со неколку квалитетни играчи кои веројатно ќе го засилат прволигашот од Кавадарци.

ПретходноЕсенскиот шампион во ВМФЛ се засили со Љамалари!
СледноФановите на Рома за Бонучи: Не го сакаме кај нас, тој го претставува духот на Јуве а тоа е да се победува со лажење и крадење!