Брера Струмица му се заблагодари на Врдољак

948

Управата на клубот и капитенот Марио Врдољак одлучија спогодбено да го раскинат договорот за ова првенствена сезона што значи дека во пролетниот дел од шампионатот нема да настапува.

Врдољак дојде на стартот од ова првенствена сезона. Одигра вкупно 16 првенствени натпревари и беше еден од столбовите на одбраната.

„Иако дефанизивец, Марио беше асистент за два гола, додека во дуелот со Струга Трим Љум во гости беше еден од стрелците за нашата победа. Му се заблагодаруваме на Марио Врдољак што беше во нашиот тим, за професионалниот однос и неговиот придонес во играта на Брера. Му посакуваме многу среќа и упсеси во понатамошната кариера“, се вели во соопштението на клубот. 

ПретходноКлоп: Чудно е што имаше интриги до самиот крај
СледноПогледнете што кажа Евра на полувремето од мечот на „Олд Трафорд“