Спортскиот директор на Работнички, Тодор Гечевски збесна по една судиска одлука за време на натпреварот со Пелистер во 13.коло од првата кошаркарска лига. На видеото се гледа како Гечевски реагира кон судијата, а делегатот и играчите го смируваа.
Мирниот Гечевски веројатно збесна поради една одлука на судијата за која сметаше дека е погрешна во моменти кога Пелистер имаше водство.
Сепак, на крајот Работнички успеа да го совлада битолскиот ривал.