„Граѓаните“ победија на „Гудисон парк“ иако губеа по првото полувреме

192

Светскиот клупски шампион Манчестер Сити со победа ги продолжи настапите во Премиер лигата. Вечерва на „Гудисон парк“ славеше со 1:3 иако по првото полувреме имаше негатива.
Евертон дојде до предност со голот на Џек Херисон во 29 минута. Во 43 минута се повреди Стоунс, па Гвардиол мораше да го замени.

Во второто полувреме работите тргнаа кон подобро за Сити. „Граѓаните“ всушност беа надмоќни на овој меч (8:26 шутеви во рамки на гол), но реализацијата ја покажаа во второто полувреме. Во 53 минута изедначи Фил Фоден, а во 64 минута Хулијан Алварез од пенал погоди за пресврт на Сити откако еден играч на „карамелите“ играше со рака во својот шеснаесетник.
Евертон можеше да изедначи во 75 минута но по ударот на Калверт-Луин топката заврши покрај голот. Во 86 минута се беше решено.

Голманот Пикфорд направи катастрофална грешка при едно исфрлање на топката, а Бернардо Силва испрати шут надвор од шеснаесетникот по кој голманот само ја проследи топката како оди во неговата мрежа.


Во судиското продолжение Фил Фоден ја погоди и стативата.

Сити има 37 бода на четвртото место по 18 одиграни натпревари. Евертон е на 17. позиција со 16 бодови.

ПретходноНајдобрите македонски спортисти за 2023 година: Илиоски, Акиевска…
СледноНаполи со специјално видео му се поклони на Елмас (ВИДЕО)