Двократниот НБА ол-стар го сруши митот за Никола Јокиќ

10704

Центарот на Мајами Хит и двократниот НБА ол-стар Бам Адебајо во подкаст изјави дека најтешкиот играч за чување во НБА е Никола Јокиќ. Посебно го пофали двократниот МВП и актуелниот шампион и МВП на финалето бидејќи не глуми на теренот, туку секогаш оди со полна сила.

Јокиќ, како и многу европски кошаркари, неправедно го следи гласот како некој кој се обидува да одглуми фаул, но Адебајо го уништи тој мит.

„Она што најмногу ми се допаѓа кај него е тоа што не глуми. Мислам, сите се обидуваат да го нагласат контактот, но освен тоа, тој не се обидува да изнуди 16-17 слободни фрлања, тој секогаш бара да постигне кош“, рече центарот на Хит.

Претходно„Ловот“ на Мбапе започнува од 1. јануари, Реал нема да се штеди
СледноВасоски за “СпортСпорт“: Силекс е голем клуб, ја прифатив понудата на кратовци и ќе атакуваме кон врвот на мак-фудбалот!