Дефанзивецот Арсим Љамалари (29) и официјално е нов член на Беса, есенски шампион во ВМФЛ. Клубот од Добри Дол попладнево на своите социјални мрежи го промовираа своето второ зимско засилување, по она на Филип Алексовски.
Љамалари досега го носеше дресот на Силекс, а претходно играше и за екипите на Скопје, Еурмилк, како и во турските Силифке и Караман.
Од Беса се најавува дека ќе има уште нови имиња, а целта се знае, во пролетниот дел да се задржи првото место и во следната сезона да се игра во елитната лига во Македонија.