И дефинитивно на Карим Бензема и тоа како не му оди во С. Арабија, во тимот на Ал – Итихад. Беше пречекан од фудбалските фанови како мега – ѕвезда, платен е неверојатни 100 милиони евра годишно, а со разните бонуси може да стигне и до 200 милиони, но Бензема не прикажува ни налик на она што некогаш прикажуваше во дресот на Реал Мадрид или во репрезентацијата на Франција.
Токму поради тоа тој трпи големи критики во јавноста во С. Арабија, но и на социјалните мрежи.
Досега Бензема не обрнуваше посебно внимание на ова, но деновиве направи радикален потег. Тој одлучи да ги избрише својот профил на Инстаграм, едноставно нема повеќе нерви да ги чита сите критики за својата игра во дресот на Ал Итихад.