Интер на терен речиси е непобедлив, ама плива во долгови!

775

Интер во Серија А просто си гази, само чудо може да го спречи да дојде до нова титула. И во ЛШ добро му оди, актуелниот европски вицешампион во 1/8 финалето за ривал го доби Атлетико Мадрид. Тимот од Милано кога игра на “Ѓузепе Меаца“ има во просек по 60.000 гледачи, но сепак не е се бајковито.

Имено Интер плива во долгови. Вкупниот долг изнесува 807 милиони евра, а нето минусот е 165 милиони евра. Уште поголем проблем е што газдите на клубот, семејството Жанг е во немилост на властите во Кина, и тие како Кинези не можат да дојдат до свеж капитал. Тешко им оди и со репрограмирање на долговите.

Во Интер засега се е ОК, нема бунт поради платите само поради умешноста на директорот Бепе Марота кој со своите маестрални потези на трансфер пазарот знае како да ги доведе работите колку толку во ред.

Ама прашање е до кога тоа ќе трае.

ПретходноЃоковиќ по поразот од Алкарас: Ќе играм и по 40-тата година
СледноДориев ги израдува најмалите од Општина Ново Село