Меси не е воодушевен од новиот план на Бекам

826

Дејвид Бекам пред неколку години го основа Интер Мајами, но никој не ни помислуваше дека за толку краток период ќе заврши таква работа и ќе донесе некои од најдобрите играчи во светот.

Секако, ова пред се се однесува на Лионел Меси, кој летово пристигна како слободен играч, а по него за Интер потпишаа Серхио Бускетс и Жорди Алба.

Сепак, Бекам не застана тука бидејќи му ја исполни новата желба на Меси. Пред неколку дена во Интер го донесе и Луис Суарез, кој по одличната сезона го напушти бразилскиот Гремио и не можеше да ја одбие поканата на својот најдобар пријател.

Бекам очигледно работи на тоа Меси да се чувствува што поудобно во Мајами, бидејќи тоа гарантира добри игри од најдобриот играч на сите времиња во дресот на Интер. Сепак, како што стојат работите, следното засилување нема баш да ја воодушеви поранешната ѕвезда на Барселона.

Имено, се појави информација дека Бекам покажал сериозен интерес за доведување на дефанзивецот Маркос Рохо, кој моментално е член на Бока Јуниорс.

Рохо го паметиме по игрите кои ги играше за Манчестер Јунајтед каде не се прослави многу, а пред неколку години се врати во Аргентина. Овде и таму правеше скандал и се најде во центарот на вниманието, но веста дека може да го засили клубот од Мајами не се очекуваше.

Бекам сака да ја засили одбраната и на листата на можни засилувања е и Рохо со кој веќе преговараат. Но, сето тоа би можело да падне во вода бидејќи се шпекулира дека Меси воопшто не е среќен за идејата.

Меси не сака во тимот играч кој е толку склон на скандали на теренот, но и надвор од него, а наводно верува дека Рохо само би донел непотребен немир во соблекувалната на Интер.

Очигледно е дека Бекам во овој случај не барал совет од својот најдобар играч, но ако е вистина дека Меси баш и не го „мириса“ Рохо, тогаш јасно е дека ништо нема да дојде од трансферот на аргентинскиот дефанзивец во Интер.

ПретходноДетроит и официјално е најлошиот тим во историјата на НБА-лига (ВИДЕО)
СледноТен Хаг откри што ги советувал фудбалерите на полувремето