Најдобрите македонски спортисти за 2023 година: Илиоски, Акиевска…

526

Агенцијата за Млади и Спорт (АМС) ги избираше најдобрите спортисти на Македонија за 2023 година.

Кик-боксерот Бобан Илиоски е избран за најдобар спортист на Македонија за 2023 година. Илиоски оваа година донесе злато за Македонија од Светското првенство. За најдобра спортистка на Македонија за 2023 година беше избрана Мери Акиевска која повторно беше светска шампионка во бодибилдинг.

Најуспешен тренер селектор беше избран токму тренерот на Илиоски, Дејан Митровски Урко.

За најдобар млад спортист беше прогласен Витомир Трајковски, новата ѕвезда во македонското карате, додека најдобра млада каратистка беше избрана Милијана Рељиќ.

Признанието за најуспешна федерација и припадна на Одбојкарската федерација на Македонија која беше домаќин на Европското првенство.

За најдобра машка репрезентација беше избрана одбојкарската, додека за женска репрезентација е ракометната.

За најуспешен спортист со инвалидитет беше избран пливачот Андреј Стојаноски.

ПретходноЧелзи со гол од пенал во финишот го совлада Кристал Палас
Следно„Граѓаните“ победија на „Гудисон парк“ иако губеа по првото полувреме