Манчестер Јунајтед ја забележа една од најголемите победи оваа есен, откако приреди пресврт од 0:2 против Астон Вила славеше со 3:2.
Веројатно единствениот човек на светот кој веруваше во пресврт на полувремето беше легендарниот Патрис Евра.
Тој беше стручен консултант на овој меч и во живо го најави пресвртот на паузата од полувремето.
„Ако продолжат да играат на ист начин и ако се фокусираат малку повеќе на прекини, нема да ме чуди ако победат со 3:2“, изјави Евра.
Французинот по натпреварот блескаше од среќа и истакна дека има верба во Ерик тен Хаг.
„Јас бев единствениот лудак кој веруваше и кој рече дека Јунајтед може да постигне три гола доколку биде подеднакво пожртвуван во вториот дел“, истакна Евра.