Од денеска и официјално Елиф Елмас е нов член на Ред Бул Лајпциг. Доцна попладнево германскиот клуб се пофали дека има ново име и тоа во македонскиот фудбалер Елиф Елмас.
“Добредојде Елиф Елмас“ му порачаа на Дијамантот од Лајпциг.
Се вели дека договорот е до 2028 година, бројот 6 ќе биде негов, а Елмас ќе му се приклучи на тимот на 2 јануари во Шпанија.