Ѓоковиќ откри до кога ќе игра тенис

191

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ најави дека уште долго ќе игра тенис. Србинот има 36 години, а вели дека би сакал да игра и кога ќе има 40 и повеќе години. Ова не е изненадувачки, со оглед на неговата физичка подготвеност, играчки квалитет и желба да остане најдобар на сите времиња.

„Се надевам дека ќе можам да имам кариера која ќе достигне 40 години или уште повеќе, ќе видиме. Брејди е совршен пример за шампион во својот спорт, некој кој имаше одлична и долга кариера. Потроши многу време грижејќи се од себе, да се опоравува, да се погрижи секој аспект од неговото тело и ум да бидат покриени за да може да има успешна и долготрајна кариера“, изјави Ѓоковиќ за Ксинхуа Нет.

Српскиот тенисер ја имаше една од најдобрите сезони во својот живот.

„Сезоната 2023 беше една од најдобрите во мојот живот. Зошто да престанеш кога продолжуваш да играш толку добро? Значи, ќе одам напред и ќе правам работи од година во година и ќе видам колку далеку можам да одам. Играјќи против Алкараз, еден од најдобрите играчи во светот, овде во Ријад, тоа е неверојатно за спортот.

Возбуден сум што Саудиска Арабија ги отвора вратите за најдобрите спортисти, уметници и бизнис лидери во светот“, заклучи Ѓоковиќ.

Претходно“Лавовите“ си закажаа пријателска и со Динамо Загреб!
СледноХамес Родригез со шокантна изјава: Во Катар не смеев да се туширам гол! Ми беше страв!