Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ загуби од Карлос Алкарас со 1-2 во сетови во егзибициски меч во Ријад. Првиот светски рекет изјави дека се чувствува одлично и верува дека ќе продолжи да игра.
„Том Брејди е пример на шампион и некој кој има долга, успешна кариера. Многу часови посвети на себе. Лично го познавам, многу учам од него и се надевам дека ќе ми помогне да играм и со 40 години, можеби и повеќе“, изјави Ѓоковиќ за „Ројтерс“.
Брејди е икона на американскиот фудбал, квотербекот ја освои титулата и после 40 години.
„Оваа 2023 година беше една од најдобрите сезони во мојот живот и зошто да прекинам сега кога играм одлично? Така ќе продолжам, од година во година и ќе видам колку далеку можам да стигнам“, додаде српскиот тенисер.