Ќе фрчат казни: 1000 евра за секој килограм повеќе и за секои наредни 100 грама по уште 1000 евра!

1027

Казните за фудбалерите се високи во Борусија Дортмунд. За време на божиќните и новогодишните празници, секој фудбалер кој ќе се здебели еден килограм повеќе од пропишаното ќе биде казнет со 1000 евра. Потоа уште 1000 евра за секои 100 грама повеќе…

Тоа го откри дефанзивецот на клубот Томас Мение во интервју за белгиската телевизија РТБФ.

„На последниот тренинг некои од нас имаа вишок килограми, а веројатно ќе имаат и повеќе килограми по празниците. Но клубот ги предупреди, сумата е јасна: за секој екстра килограм казната е 1000 евра, а секои 100 грама над тоа по уште 1000 евра“, изјави Мение.

Значи за 1100 грама казната е 2000 евра, за 1200 грама = 3000 евра…

Мение откри дека еден од фудбалерите морал да плати казна од дури 10 000 евра но одби да го открие неговото име.

 

ПретходноРаботнички убедливo против Пелистер во последниот меч за оваа година (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноЃоковиќ по поразот од Алкарас: Ќе играм и по 40-тата година