Виктор Роке (18), младиот Бразилец пристигна во Барселона. Познато е дека Роке уште летоска потпиша за каталобскиот гигант, но сега му се става на располагање на тренерот Чави Ернандез. Барса за неговиот потпис му плати 40 милиони евра на Атлетико Паранензе, клуб од Бразил.
Напаѓачот по пристигнувањето во Барселона имаше своја порака до фановите на клубот:
„Мојот сон се оствари. Уште од мал сонував да играм за Барселона. Тука сум да учам од моите соиграчи и да постигнувам голови за Барса. Едвај чекам да започнам“.
❝ Es un sueño que he hecho realidad ❞
Las primeras palabras de 🐅 como azulgrana pic.twitter.com/1xOwHpSCpg
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) December 27, 2023