Нема веќе дилеми. Најавите се остварија. Од денеска и официјално Силекс има нов шеф на стручниот штаб. Тоа е Александар Васоски, некогашниот наш истакнат фудбалер и репрезентативец, довчерашен стратег на Вардар.
Денеска кратовци ќе го промовираат своето ново тренерско име откако пред две недели Горазд Михаилов си замина од клубот.
Иако имаше некои варијанти Васоски да замине во Кина, сепак по интензивните преговори во изминатите два дена со првите луѓе на клубот, падна договор. Па така Александар Васоски, откако беше прво помошник тренер во Вардар, па потоа и стратег на “црвено – црните“ и во таа 2019/20 стана шампион на ПМФЛ, потоа по двојниот мандат во Брера како и кусата одисеја во Сараево, од денеска има нов клуб, а тоа е Силекс од Кратово.
Како што велат нашите инфомации Силекс има намера, се разбира со Васоски како тренер, да го зголеми својот буџет за наредната сезона и да ја нападне титулата во ПМФЛ. Веројатно тоа било пресудно Васоски да ја прифати понудата на кратовци.