Центарот на Мајами Хит и двократниот НБА ол-стар Бам Адебајо во подкаст изјави дека најтешкиот играч за чување во НБА е Никола Јокиќ. Посебно го пофали двократниот МВП и актуелниот шампион и МВП на финалето бидејќи не глуми на теренот, туку секогаш оди со полна сила.
Јокиќ, како и многу европски кошаркари, неправедно го следи гласот како некој кој се обидува да одглуми фаул, но Адебајо го уништи тој мит.
„Она што најмногу ми се допаѓа кај него е тоа што не глуми. Мислам, сите се обидуваат да го нагласат контактот, но освен тоа, тој не се обидува да изнуди 16-17 слободни фрлања, тој секогаш бара да постигне кош“, рече центарот на Хит.
“The thing that I most like about him is like he don’t flop…he not tryna get 16-17 free throws”
Watch the full episode of @theOGsShow here https://t.co/9JDVwdddyF pic.twitter.com/3DVOOfYVCs
— The OGs Show (@theOGsShow) December 27, 2023