Дориев ги израдува најмалите од Општина Ново Село

255

Фудбалерот на Шкендија, Љупче Дориев ги израдува најмалите од Општина Ново Село со тоа што на негова иницијатива се поделени 550 новогодишни пакетчиња!
,Со оглед дека потекнувам од ова општина сакав да ги израдувам најмалите кои се нашата иднина. Сакам да им посакам убави празници и секогаш да спортуваат бидејки со спортот се освојуваат височини но и се градат квалитетни личности. Се надевам дека од мојата општина наскоро ќе излезат нови квалитетни спортисти и личности.“, објави Дориев.

ПретходноИнтер на терен речиси е непобедлив, ама плива во долгови!
СледноЛудо: Отишол да пресадува коса, а потоа глумел повреда за да не шутира со глава