Фудбалерите на Македонија ЃП главната фаза од зимските подготовки ќе ја одработат во Хрватска, во местото Новиград, место во Истра.
Уште пред неколку дена беше кажано дека “лавоите“ ќе одиграат пријателски со Осијек, Сараево, Радомље и Алуминиј, но од денеска е потврдено дека на 16 јануари, тимот од Ѓорче во пријателски меч ќе ги одмери силите со Динамо Загреб, тимот на Аријан Адеми и Стефан Ристовски. Ова е потврдено и од страна на хратскиот гигант.
Кога сме кај “лавовите“ тие досега во своите редови ги донесоа Крсте Велкоски, Џонатан Балотели, Давид Родригез Лопез и Жилберто Силва.