Македонија ќе биде дел од историја, погледнете како би изгледал стадионот во Дизелдорф

716

Македонската ракометна репрезентација ќе биде дел од историјата на престојното Европско првенство кое во јануари ќе се одржи во Германија. Домаќинот на овој континентален собир одлучи да го урне рекородот по гледност на еден меч во овој спорт, па токму затоа првото коло од групата А ќе се игра на стадионот во Дизелдорф на Меркур Шпил Арена.

Македонија прва ќе истрча на теренот, за противник ја има селекцијата на Франција, а додека врвот се очекува да биде на втората средба кога Германија ќе ги одмери силите против Швајцарија. На стадионот се очекува да има над 50.000 гледачи.

Германците од претходно направија анимација од тоа како би изгледал стадионот, поточно како ќе биде прилагоден за фановите, но и за играчите.

Animation: D.Sports/DHB
Animation: D.Sports/DHB

 

ПретходноВасоски за “СпортСпорт“: Силекс е голем клуб, ја прифатив понудата на кратовци и ќе атакуваме кон врвот на мак-фудбалот!
СледноШК Алкалоид заокружи уште една успешна година