Работнички убедливo против Пелистер во последниот меч за оваа година (ФОТОГАЛЕРИЈА)

237

Екипата на Работнички славеше победа над Пелистер во меч од 13.коло на македонската Прва кошаркарска лига со 98-84. Работнички беше подобар по првите три четвртини, имаше солидна предност, а во четвртата четвртина тотално потфрли. Противникот имаше 28:11 во таа делница, сепак, клубот од Градски парк претходно имаше акумулирано висока предност и затоа бодовите заминаа на нивното конто.

Кај Работнички најефикасен беше Квентон Декоси со 22 поени, а придодаде уште шест скока и три асистенции.Роберт Рикиќ постигна 15 поени, Трис 14, Ѓуроски 13… Трис беше расположен и за асистенции, на крајот заврши со седум асистенции.
Кај противникот Амар Хот постигна 22 поени, Костоски 15, Планичиќ 14…

За Работнички ова е деветта победа сезонава, а трета по ред (скор 9-4). Пелистер го впиша четвртиот пораз (скор 9-4). Двата тима имаат идентично поени на третото и четвртото место.

ПретходноИзнервиран од жестоките критики Бензема се одлучи на радикален потег! (ФОТО)
СледноЌе фрчат казни: 1000 евра за секој килограм повеќе и за секои наредни 100 грама по уште 1000 евра!