Екипата на Челзи вечерва играше против Кристал Палас на својот „Стемфорд Бриџ“ и со многу мака успеа да ги освои бодовите. „Сините“ повторно ги разочараа навивачите, посебно со промашувањата, сепак не останаа со празни раце затоа што постигнаа гол од пенал во финишот и победија.
Челзи истрча со најмладиот тим во својата историја (23 години и 21 ден) и најмлад воопшто во Премиер лигата по мај 2017 година. Оптимистички Маурицио Пелегрино тргна кон освојување на бодовите меѓутоа не успеа.
Челзи поведе со голот на Михајло Мудрик во 13-тата минута, меѓутоа изедначувањето стигна во 45 минута со гол на Олисе.
Имаше Челзи добри шанси порано да обезбеди предност, во 77 минута стигна и до гол, но беше поништен затоа што ВАР покажа дека стрелецот Џексон бил во офсајд. А само неколку минути претходно Џексон се најде во ситуација еден на еден со голманот но шутна покрај голот.
Во финишот нововлезениот Нони Мадуеке падна по еден дуел со противнички дефанзивец и судијата покажа пенал после прегледување на ВАР снимка. Истиот играч погоди од белата точка за конечни 2:1.
А Вулверхемптон славеше убедлива победа на гостувањето кај Брентфорд. „Волците“ се радуваа на триумф од 4:1 со два гола на Хванг, по еден на Лемина и Белегарде.
🚨🚨| HUGE (and awful) MISS NICOLAS JACKSON!!!!!
Chelsea 1-1 Crystal Palace. pic.twitter.com/vANA7EXt5l
— TTS. (@TransferSector) December 27, 2023
GOAL: Chelsea 2-1 Crystal Palace
Noni Madueke scores.pic.twitter.com/EyKdcUlM7o
— Pubity Sport (@pubitysport) December 27, 2023