Барселона ќе ја загуби битката за Клаудио Ечевери. Еден од најбараните тинејџери во светскиот фудбал, најверојатно ќе замине во Манчестер Сити. Англичаните се приближуваат до потписот на 17-годишниот напаѓач, а сумата која ќе биде договорена е околу 20-25 милиони евра.
Аргентинскиот весник „Оле“ објави дека договорот со Сити ќе биде комплетиран наскоро, но Ечивери ќе остане во Буенос Аирес следната година, додека не му заврши договорот. Понатаму велат дека планот е Ечевери да замине во Џирона на позајмица, затоа што Џирона е дел од Сити Фудбал Груп.
Во моментов Џирона го има Јан Куто на позајмица од Сити.