Бруно креирал 100 шанси за Манчестер Ј. само оваа година

99

Португалската ѕвезда од Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, учествувал во креирање на дури 100 шанси за гол на натпреварите во англиската Премиер лига во календарската 2023 година. Капитенот на „црвените ѓаволи“ е само вториот во историјата откако се прави ваква статистичка анализа, кој имал над 100 креирани шанси за гол.

Досега само еден премиерлигашки фудбалер има направено подобро достигнување од и тоа во сезоната 2014/2015 година. Станува збор за германскиот играч од средниот ред на тогашен Арсенал, Месут Озил, кој учествувал во креирање на 104 шанси за гол.

Во тековната сезона на англискиот шампионат, 29-годишниот Португалец учествуваше на 18 средби на Манчестер Јунајтед, на кои постигна три гола и имаше уште три асистенции.

ПретходноОвен со порака до Белингем: Никогаш нема да бидеш како Џерард или Лампард!
СледноИлјадници играчки го покрија паркетот во белградска „Арена“ (ВИДЕО)