Евролигата жестоко го казни Партизан!

587

КК Партизан е казнет со 30.000 евра и забрана од еден гостински меч за неговите фанови. Интересно, тоа значи дека Партизан нема да има свои фанови на мега – дербито на 4 јануари во Арената во Белград, каде ќе и гостува на Ц. Звезда.

Клубот од Белград е казнет поради инцидентите кои што неговите фанови ги направија на гостувањето кај Валенсија на 19 декември.

Тогаш “гробарите“ жестоко се испотепаа со шпанските полицајци и токму поради тие инциденти раководството на Евролигата ги казни “црно – белите“.

ПретходноВреме за опуштање: Како изгледаше вториот тим билдинг (ВИДЕО)
СледноПретседателот “тепач“ ќе се брани од слобода!