И Де Зерби во “игра“ за тренер на Милан!

206

Во Италија наголемо се говори дека Милан по цели четири години ќе го смени тренерот Стефано Пиоли. И не само поради лошите резултатот на тимот во последно време туку и поради наводниот конфликт кој тој го имал со челниците на клубот.

Прва желба на Милан е Антонио Конте, но тој е премногу скап за клубот од „Сан Сиро“ па сега се шпекулира дека Роберто Де Зерби, стратегот на Брајтон би можел во јуни да седне на клупата на “росонерите“.

Се говори дека ако сега Пиоли добие отказ, тогаш до крајот на сезоната тимот на Милан би го водел Игнацио Абате, некогашен фудбалер на овој клуб, а потоа во јуни би се нашло адекватно решение од типот на Конте или Де Зерби.

ПретходноПретседателот “тепач“ ќе се брани од слобода!
СледноСамо одредени личности можат да го посетат Шумахер, Корина има посебни правила