Верувале или не. Репрезентацијата на Сенегал е првак на Африка, на последното СП во Катар влезе меѓу 16-те најдобри, селекторот Алиу Сисе работи одлична работа, но тој веќе шест месеци нема добиено ниту цент на име на плата.
Неговиот договор вели дека селекторот треба да биде платен 30.000 долари месечно, но Сисе, поради финансиската криза во тамошниот сојуз, нема добиено плата половина година.
Инаку Сисе веќе осум години е селектор на Сенегал.
Ете и тоа го има во светот на фудбалот, посебно во Африка.