Реал не им дозволува на фановите да купуваат дресови со имињата на Мбапе и Халанд

405

Реал Мадрид не им дозволува на навивачите да ги ставаат имињата на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе и напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, на дресовите што ги купуваат во продавниците на клубот, пренесува „SER Deportivos“.

Според информациите во фан шопот на Реал Мадрид, можно е да се стават имиња на секој од играчите на „кралевите“ или имиња на индивидуално барање, но клубот го одбил барањето на двајца навивачи кои побарале да се стави имињата на Халанд и Мбапе на купените дресови на Реал.

Околу Божиќ во печатот се појави информација дека Реал Мадрид подготвува документи за договор со Мбапе на почетокот на јануари.

ПретходноДончиќ повторно го воодушеви целиот свет, Далас „прокоцка“ +20 (ВИДЕО)
СледноНајлошиот тим во Премиер лигата за сезоната 2023/24