Силекс главната фаза од подготовките ќе ја одработи во Охрид!

582

Како што веќе информиравме, Силекс од вчера и официјално има нов шеф на стручниот штаб, а тоа е Александар Васоски. Прозивката ќе биде на 10 јануари, а предвидено е главната фаза од зимските подготовки да се одработи во Охрид и тоа од 21 јануари до 5 февруари.

Значи за разлика од минатите години, кратовци овојпат нема да одат во Анталија. Во Охрид тимот на Васоски ќе одигра и неколку пријателски средби.

Што се однесува до играчкиот кадар, раководството на Силекс има намера да се засили со 3-4 нови имиња во текот на овој преоден рок.

ПретходноСамо одредени личности можат да го посетат Шумахер, Корина има посебни правила
СледноНе мрда од Балканот: Адетунџи пред потпис со Цеље!