Италијанскиот репрезентативец Марко Верати кој го носи дресот на катарски Ал Араби многу често може да се види низ париските локали. Новинарите во Франција се заинтересираа која е причината за така честите доаѓања на Верати во Париз и покрај клупските обврски во Катар.
Според весникот „Фигаро“, Верати имал една необична клаузула во договорот која му дозволува такви „излети“ во француската престолнина. Имено, како што пишува „Фигаро“, договорот на фудбалерот предвидува дека му е дозволено една недела месечно да не тренира со Ал Араби и слободно да може да оди во Катар.
Претходно беше објавено дека според договор со Ал-Араби, поранешниот играч на ПСЖ заработува 30 милиони евра годишно.