Македонската ракометна репрезентација полека завршува со првиот дел од подготовките за претстојното Европско првенство кое ќе се одржи во Германија. Селекторот, Кирил Лазаров и неговите избраници се во Стара Пазова каде утре ќе одиграат пријателски меч против Црна Гора.
Покрај напорните тренинзи, ракометарите имаат и тим билдинг, што пак е одличен новитет во градење на тимскиот дух и за зголемување на позитивната атмосфера пред тешкиот предизвик кој ги чека во Дизелдорф и Берлин.
Што се случуваше во Стара Пазова можете да видите во продолжение.
View this post on Instagram