Нема дилеми. Новак Ѓоковиќ е најдобриот спортист за 2023 година во светот. Ова е изборот на престижниот Л`Екип кој го стави Србинот на пиедесталот на најдобриот за оваа година која што изминува. И со право ако се знае што освои и какви реузлтати имаше Новак Ѓоковиќ.
На второто место се најде пливачот Леон Маршанд, а трет е Макс Верстапен кој и во 2023 година немаше никакви конкуренција во Формула 1.
Новак по вторпат го добива ова признание од Л`Екип за најдобар спортист на година, претходно тоа беше случај во 2021 година.